сабота, 27 јули 2024

ЕСМ: За три години останавме без 1.190 работници, вработувањата се неопходни

Во ЕСМ од почетокот на 2020 година до крајот на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1.190, од кои над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места, соопштија денеска од компанијата откако медиумите објавија дека на еден месец пред формирањето на предизборната техничка Влада која нема да смее да вработува, во ЕСМ е отоврен оглас во кој се бара вработување на повеќе од 500 работници.

Објавено на

часот

Сподели

„Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат тоа“, се наведува во соопштението на ЕСМ.

Од компанијата велат дека најголема потреба од вработени има во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат на ваков кадар, а само 12 проценти се однесуваат за работни места во административниот дел, но и тие се во функција на производствениот процес. 

На новинарско прашање зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, премиерот Димитар Ковачевски кратко изјави дека изборите се на 8 мај 2024, а денеска е декември 2023 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ