петок, 19 април 2024
РЕК Битола работеше со еден блок

ЕСМ вели дека направиле набавка на струја со поволни цени

Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на струја, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, известуваат од  АД „Електрани на Северна Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму, појаснуваат дека во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што, како што велат, е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа.

„Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира“, велат од ЕСМ.

Од компанијата посочуваат дека веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денеска во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен.

„Согласно планот за производство се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа“, известуваат од ЕСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ обвини дека РЕК Битола не произведува струја.

Информациите на партијата се дека синоќа во третиот блок на термоелектраната се случила хаварија по што веќе неколку часа трите блока на РЕК се надвор од мрежата.

Во реакцијата на опозицијата се наведува дека најголемиот производител на електрична енергија во земјава е паднат на колена и наместо да произведува троши скапа струја која е купена од берзите.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека честите хаварии во битолската електрана се резултат на непрофесионалниот и партиски кадар кој  е вработен од оваа власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ