„Навремената подготовка на сите капацитети е клучна за непрекинато, сигурно и зголемено производство на електрична енергија. Редовните ремонтни активности на постројките се исклучително важни за продолжување на нивниот век и безбедна работа.
Вработените во АД ЕСМ минатата сезона покажаа дека можат да се соочат со огромни предизвици и успешно да одговорат на енергетската криза со што овозможија граѓаните да ја поминат грејната сезона без ниту еден ден рестрикции на електричната енергија“, се вели во соопштението од претпријатието.