сабота, 27 јули 2024

ЕСМ остана без директор, владата одма му најде замена на Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза“, рече премиерот Ковачевски.

За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница. 

За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница. 

Ковачевски останува да работи во компанијата. 

„Вработен сум во ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред сѐ на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование“, истакна Ковачевски.

Во однос на тоа дали е задоволен колку успешно менаџирал со компанијата, Васко Ковачевски рече дека бројките во делот на производството и во делот на финансиите се најдобра потврда за тоа. 

„Убеден сум дека пред сѐ како држава, а потоа и како компанија, успешно ја изменаџиравме кризата. Бевме соочени со сериозни предизвици, некогаш и на дневни, а некогаш и на часовни одлуки, кои требаше да се донесат пред се благодарение на ангажманот на вработените во ЕСМ, кои ја сфатија сериозноста на енергетската криза и кои направија значителен личен влог за сите капацитети да се стават во функција и да се зголеми домашното производство, а со тоа да се намали набавката на електрична енергија“, рече Ковачевски.

Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година. 

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата  од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година.

Поради пензионирање од ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.

Новиот генерален директор на ЕСМ Васко Стефанов доаѓа од позицијата директор на АД Пошта. Претходно раководеше со ЈП Водостопанство. Стафенов е менаџер по техничка логистика на Техничкиот факултет во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ