недела, 19 мај 2024

ЕСМ најави дека ја продолжува грејната сезона

Електрани на Македонија (ЕСМ) информира дека за утре се создадени услови за испорака на топлинска енергија, согласно одлукта на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозите од Управата за хидрометеролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги информираме потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18 април 2024 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11 степени од Управата за хидрометеролошки работи“, се вели во соопштението од ЕСМ.

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30 април, во зависност од временските услови.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ