вторник, 22 октомври 2024

ЕСМ на ЕВН ѝ понуди за струјата цена за 7,5 отсто повисока од досегашната

Објавено на

часот

Сподели

„Дополнително, за покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби две понуди и тоа од АД ЕСМ, по купопродажна цена на електричната енергија од 120,01 евра за мегават час и од компанијата Соле24 ДООЕЛ по цена од 130 евра за мегават час. ЕВН Хоме одлучи да не прифати ниту една од пристигнатите понуди за овие количини, за да го ограничи влијанието на крајната цена на електричната енергија. Во таа насока ќе се направат напори во зависност од техничките и временските услови, овие количини да се набават преку МЕМО по поповолни услови согласно моменталната состојба, само доколку тоа е неопходно“, наведова преку соопштение од ЕВН.

За покривање на загубите на електрична енергија, Електродистрибуција доби најповолна понуда од АД ЕСМ, и тоа по цена од 105 евра за мегават час. Претходно оваа цена изнесуваше 100 евра за мегават час.

Универзалниот снабдувач во наредниот период треба да ја пресмета цената на електричната енергија што ќе важи на регулираниот пазар од 1 јануари. Контролата на пресметката ќе ја врши Регулаторната комисија за енергетика која ќе ја одреди цената за пренос и дистрибуција на електрична енергија кои заедно со цената на електричната енергија се составен дел од сметките што ги плаќаат граѓаните, велат од ЕВН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ