сабота, 27 јули 2024

ЕСМ: Мицкоски покажува незнаење од неочекувани размери за производството на електрична енергија

Објавено на

часот

Сподели

„АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена сѐ со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните. Незнаењето или злонамерноста на Мицкоски се недозволиви во овие размери. АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата.

На крајот, не е јасно што сака Мицкоски да покаже со тоа што пред камерите ги држи фотографиите од поплавениот рудник Суводол, кои АД ЕСМ денеска ги испрати до сите медиуми со цел информирање на јавноста. Доколку Христијан Мицковски се сити на работниците во поплавените рудници кои ги презедоа и ги преземаат сите дејства за канализирање на природните води, се со цел да ги искористи условите на работниците и рудниците за да нанесе штета на раководството или на државните структури, тоа е за секаква осуда“, пишува во реакцијата од АД ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ