сабота, 27 јули 2024

ЕСМ ќе бара стратешки инвеститор за гасно-водородни централи во Битола и Неготино

Владата го задолжила ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи во Битола и Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата била донесена одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.

„Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800 мегаватна гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300 мегаватна гасно – водородна централа Битола. Задолжено е ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на овие проекти согласно Законот за стратешки инвестиции“, информираат од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ