вторник, 21 јануари 2025

ЕСМ го поправи дефектот, граѓаните од општина Центар сега имаат парно греење

ЕСМ Дистрибуција соопшти дека нивните екипи во раните утрински часови успешно ги завршиле сите предвидени и, како што наведуваат, исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

Објавено на

часот

Сподели

„По завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар. За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи“, пишува во соопштението од ЕСМ Дистрибуција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ