Нагласуваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот во близина на Олимпискotи базен, по што ќе следува нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод.
Станува збор, како што велат, за интервенција врз магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот „Кочо Рацин“, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
„Двегодишната целосна негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа од претходното раководство сочинето од кадри на СДСМ и на ДУИ кои несовесно и неодговорно раководеа со системот за дистрибуција на топлина придонесуваат за појава на неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод. Некоректно е дефект на топлификациската мрежа кој е последица на негрижата на претходното раководство, да се користи за паника и вознемиреност кај граѓаните на град Скопје во функција на добивање ситни дневнополитички поени“, изјави Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.