сабота, 27 јули 2024

Ескобар: Охрабруваме дијалог меѓу Македонија и Бугарија заснован на факти

Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар на неговата европска турнеја нема да ја посети Македонија. На денешната средба со новинарите, Ескобар образложи зошто нема да дојде во Македонија, но рече дека сепак на средбата со ОБСЕ во Виена, Австрија ќе разговара за претстојните избори во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Верувам дека ќе дојдам после изборите, но сега ќе одам во Косово затоа што таму ситуцијата е специфична, а Црна Гора е пред сериозни избори. Северна Македонија е солиден партнер на НАТО и ОБСЕ и очекуваме дека и следната власт ќе биде исто така посветена на НАТО и ОБСЕ и се разбира, на борбата со корупцијата“, изјави Ескобар.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со Резолуцијата на Сенатот на САД за итен почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, САД ја заоструваат политиката кон Бугарија, Ескобар рече дека го охрабруваат дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.

„Ние сакаме мирни преговори и охрабруваме дијалог заснован на факти. Верувам дека и Бугарија сака Северна Македонија да стане дел од ЕУ затоа што таа и треба да биде членка на Унијата“, рече Ескобар.

Освен во Косово и Црна Гора, Ескобар ќе патува и во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Македонија и Србија како и во Белгија.

„Посетата ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка“, рече Ескобар.

За време на посетата на Белгија, Ескобар ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) Мирослав Лајчак и други претставници на ЕУ и НАТО, за да разговараат за напорите за унапредување на реформите кои ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет во регионот на Западен Балкан.

Во Косово, пак, тој ќе се сретне со косовските владини лидери, граѓанското општество и заедниците на косовските Срби за да ја нагласи континуираната силна поддршка на САД за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ