петок, 26 јули 2024

Ескобар: Не успеав да го убедам Курти да одговори на загриженоста околу забраната на динарот на Косово

Специјалниот американски претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Аљбин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната на употребата на српскиот динар на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потребно ни е решение. Затоа го прашав премиерот да ја суспендира одлуката додека ние, заедно со Европската Унија, значи САД и Косово, работиме на долгорочно решение кои би одговорило на вашите потреби. Тоа подразбира електронски трансфери во евра низ косовскиот систем. Но, сега мораме нешто итно да направиме. За жал, не успеав да го убедам во тоа“, кажа Ескобар.

Ескобар кажа дека тоа е „најновиот“ одговор на премиерот Курти, но дека се надева дека во вторник на состанокот на главните преговарачи на Белград и Приштина во Брисел „ќе се најде моментално решение за да им се олесни на погодените луѓе“.

Тој повтори дека одлуката на централната банка на Косово за динарот е „некоординиран потег кој создаде големи тешкотии за одредени граѓани на Косово“.

Ескобар кажа дека не верува дека одлуката за динарот е донесена за да се казнат Србите.

„Јас не верувам во тоа. Но поради тоа што оваа влада на Самоопределување нема долга историја на владеење, верувам дека понекогаш има луѓе кои не размислуваат за последиците. Поради тоа во Брисел ја опишав како некомпетентна“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ