сабота, 27 јули 2024
Изјава на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан

Eскобар: Добивме уверување дека Северна Македонија ќе се посвети на европскиот пат

„Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија која победи на изборите дека ќе останат посветени на европскиот пат. Постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“, изјави специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат“, одговори Ескобар на прашањето за улогата на САД поврзана со новите предизвици во Западниот Балкан и зголемената загриженост за Договорот од Преспа.

Тој рече дека всушност „постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“.

„Така што, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме, тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада, рече Ескобар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ