сабота, 21 декември 2024
Став на специјалниот пратеник на САД за Балканот

Eскобар: Без Македонија немаше да се постигне историскиот договор меѓу Белград и Приштина

Објавено на

часот

Сподели

Што се однесува на прашањето Косово – Србија тоа што го имаме во овој договор за нормализација е еден историски договор за пријателски, конструктивни односи меѓу двете страни кои немаа голема меѓусебна доверба, рече Ескобар кој престојуваше во Тирана.

 

Според него, договорот, што го овозможи Европската Унија, со поддршка на САД,  речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот и оти без поддршката на Македонија тој не би се постигнал.

 

„Преговорите се водеа во Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Но,  поддржано беше и од владите на Албанија и Хрватска, како и други земји во регионот. Ние ја гледаме многу важната улога на Албанија во регионалната стабилност. Тоа сега и се потврди“, изјави  Ескобар.

 

За време на посетата на Тирана од 11 до 13 месецов Ескобар се сретна со претседателот Бајрам Бегај, со премиерот Еди Рама и со претставници на политички партии, Демократската Енкелед Алибеај и на Партијата на слободата Илир Мета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ