среда, 23 октомври 2024

Eсен во август!

Суви лисја по тревниците низ Скопје. А за чудо сувите лисја некој почнал и да ги собира и да прави купишта од нив. Гранки на дрвјата остануваат голи. Есен во август?

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Не, не пристигнала есента. Но лисјата паѓаат! Летото не попуштило. Температурите и натаму одат над 30 степени. И дожд врне повремено, ама не е есенски. Грми и татне.

Дождот не ѝ помага на тревата да се раззелени. Жолта и сува крцка под нозете. Малку е овој дожд за да живнат дрвјата. Цели гранки им се сушат.

Да, летните горештини повисоки и од 40 степени со недели ја пржеа земјата и вегетацијата без да капне капка дожд.

Оваа трева и овие дрвја во најзелените мали паркови во Ново Лисиче во минатите августи беа зелени. Не дека летото било поблаго или било дождливо. Прскалки  прскаа и наутро и навечер.

Ама, дали сега работат прскалките? Или пак, кој треба да ги одврти вентилите?

Ех, вечно Скопје.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ