сабота, 27 јули 2024

Ерусалим: Тројца повредени во терористички напад (ВИДЕО)

Три лица се повредени утрово во терористички напад во Ерусалим, извести израелската полиција, пренесува Џерусалим пост.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Утринава околу 08:00 часот е добиена пријава за сообраќајна незгода и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“, извести полицијата.

Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, потоа излегле од возилото и впериле оружје кон нив, импровизиран автомат „карло“ кој се заглавил, па побегнале и притоа го фрлиле оружјето што го имале.

Командантот на областа Ерусалим нареди мобилизација на сите расположливи ресурси, вклучително и специјалните сили, со примарна цел брзо заробување на двајцата терористи кои се во бегство.

Сите три повредени лица, како што се наведува, се во стабилна состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ