четврток, 22 февруари 2024

Ермонд Незири е избран за член на Советот на јавни обвинители

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова изборниот процес е завршен и на кандидатот ќе ми биде издадено решение после истекот на рокот за приговор, информира претседателот на Советот на јавни обвинители“, Антонио Јолевски.

Гласањето беше спроведено денеска на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени. 

Инаку, Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ