сабота, 27 јули 2024

Ерменски министер: Немаме намера да влеземе во НАТО

Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска изјави дека Ерменија нема намера да влезе во НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова прашање не е на агендата на Ерменија“, рече Мирзојан во интервју за ТВ каналот ТН, пренесува Интерфакс.

Тој додаде дека Ерменија ги смета САД и Европа за свои главни партнери.

„Имаме демократија и сакаме да ги зајакнеме демократските институции. САД и Европската унија се наши главни партнери“, рече ерменскиот министер.

Тој посочи дека официјален Ереван ги продлабочува економските и политичките односи со Брисел и Вашингтон, додавајќи дека не станува збор за надворешнополитички пресврт.

„Ние само се обидуваме да ја обезбедиме нашата безбедност и развојот на демократскиот пат“, рече Мирзојан.

Тој изјави дека има проблеми во односите меѓу Ерменија и Русија.

„Имаме економски односи со Русија, билатерална трговија, соработуваме на различни полиња и одржуваме добри односи на полето на безбедноста. Сепак, точно е дека денес имаме различни ставови и дека, едноставно кажано, не зборуваме ист јазик. Проблемите што постојат во односите со Русија не можат да се сокријат“, изјави шефот на ерменската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ