сабота, 27 јули 2024

Ерменија: Надворешни сили го натераа Азербејџан на етничко чистење во Нагорно Карабах

Надворешни сили го натераа Азербејџан во септември 2023 година да изврши етничко чистење во Нагорно-Карабах, изјави денеска на конференцијата за новинарите ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пашинјан тврди дека целта била етничките Ерменци да го напуштат регионот и да се преселат во Ерменија за да ја сменат власта во таа земја, пренесува ТАСС.

„Во овој момент не сум сигурен дека ја правам вистинската работа, но ќе кажам дека некои надворешни сили го туркаа Азербејџан да спроведе етничко чистење за да ги натераат Ерменците од Нагорно-Карабах  да одат во Ерменија. Зошто е тоа направено?” кажа Пашинјан.

Според неговите зборови, антивладините сили во Ерменија го најавија почетокот на процесот на промена на власта користејќи ја кризната ситуација во Нагорно-Карабах, која им даде ресурси за спроведување на револуцијата во Ерменија.

„Оваа намера и понатаму е присутна“, додаде Пашинјан.

Претседателот на непризнаената Република Нагорно-Карабах Самвел Шахраманјан потпиша на 28 септември 2023 година указ за распуштање на државата од 1 јануари 2024 година, а народот е повикан да ги разгледа условите за реинтеграција во Азербејџан што ги понуди официјален Баку, или да остане во своите домови доколку сака.

Ерменската опозиција ги обвини премиерот Никола Пашинјан и неговата влада за тоа што им се случи на Ерменците во Нагорно-Карабах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ