сабота, 27 јули 2024

Ерменија и Азербејџан договорија меѓусебно признавање на територијалниот интегритет

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за меѓусебно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека одиме прилично добро кон решавање на нашите односи“, кажа тој на проширениот состанок на Врховниот евроазиски економски совет, пренесува ТАСС.

Премиерот се осврна и на прашањето на обезбедување на правата и безбедноста на жителите на Нагорно Карабах „во рамки на меѓународен механизам“.

„Се надевам дека наскоро ќе почне нормален конструктивен дијалог меѓу Баку и Степанакерт (главниот град на отцепениот регион Нагорно Карабах)“, кажа ерменскиот премиер.

Пашинјан во понеделникот на прес конференција во Ереван кажа дека го признава територијалниот интегритет на Азербејџан, вклучувајќи го Нагорно Карабах, но под услов да се осигура безбедноста на ерменското население.

Претходно денес претседателот на Азербејџан Илхам Алиев кажа дека постои можност за постигнување на мировен договор меѓу Баку и Ереван, имајќи предвид дека Ерменија го признала спорниот регион Нагорно Карабах како дел од Азербејџан.

„Верувам дека постојат можности за постигнување мировен договор, особено имајќи предвид дека Ерменија официјално го призна Карабах како дел од Азербејџан“, кажа Алиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ