петок, 18 октомври 2024

Ерис, новиот сој на ковид-19, не треба да го загрижува нашето здравство, вели д-р Петличковски

Објавено на

часот

Сподели

„На глобално ниво се зголемуваат случаите на новоинфицирани од оваа варијанта на ковид-19, меѓутоа нема некое сериозно нарушување на епидемиолошката состојба, нема драматично зголемување на бројот на случаи и многу сме далеку од оние месеци кога се бараше кревет повеќе во здравствените институции“, изјави Петличковски во гостување на телевизијата Сител.

Инаку, Институтот за јавно здравје летово не дава податоци за тоа колку луѓе се тестирале за да се утврди дали го имаат вирусот на ковид-19. Во соседна Србија на дневно ниво има по околу 200 нови лабораториски потвтрдени случаи на заразата.

Во Велика Британија се проценува дека околу 800 илјади луѓе се зараени со варијантата ерис. Зголеме број на случаи се пријавени и во многу други европски држави, но и на другите континенти. Болеста е тука, не е исчезната, велат здравствените експерти, но и додаваат дека човештвото гради отпорност кон болеста. Внимателност и одење на лекарски преглед сепак е потребно бидејќи оваа болест, активна и во летото, знае да предизвика сериозни компликации.

Симптомите се слични и на претходната варијанта омикрон со која се соочи Македонија, а за ерис Светската здравствена организација вели дека е подваријанта на омикрон. Повеќето од симптомите се карактеристични за ковид: болки во грлото, течење на носот, затнат нос, кивање, кашлица, главоболка, рапав глас, болки во мускулите и изменето сетило за мирис, но мирисот не се губи сосема за време на болеста, а не е карактеристика ниту тешкото  дишење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ