сабота, 27 јули 2024

Ердоган: Запрете го крвопролевањето во Газа

Болницата Ал-Ахли Араб во Појасот Газа беше бомбардирана, а според првичните информации загинале повеќе од 500 Палестинци. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по тој повод го повика целото човештво да го запре крвопролевањето во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Напад на болница во која се наоѓаат жени, деца и невини цивили е најновиот пример на израелските напади лишени од најосновните човечки вредности. Го повикувам целото човештво да преземе мерки за да се запре оваа невидена бруталност и крвопролевање во Газа“, рече Ердоган.

Светската здравствена организација повика на итна заштита на цивилите и здравствените работници во Појасот Газа по нападот на болницата.

„Болницата беше оперативна, во неа беа сместени пациенти, здравствени работници и негуватели. Претходните извештаи укажуваат на стотици смртни случаи и повредени“, се вели во соопштението на здравствената агенција на ОН. Болницата е една од дваесетте во северниот дел на Појасот Газа кои се соочуваат со наредби за евакуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ