сабота, 27 јули 2024

Ердоган започна кампања за нов мандат, вети дека ќе ја намали инфлацијата

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган се соочува со својот најголем политички предизвик откако АКП дојде на власт во 2002 година, а според анкетите, неговата поддршка опаѓа во последните години, откако неортодоксните економски политики ја загрозија националната валута, лирата и предизвикаа скок на инфлацијата.

„Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата економија преку инвестиции, вработување, производство, извоз и тековен суфицит. Ќе ја намалиме инфлацијата на едноцифрено ниво и секако ќе ја спасиме нашата земја од овој проблем“, рече Ердоган пред насобраните на стадионот во Анкара.

Агресивното намалување на каматните стапки на Ердоган ја доведе инфлацијата до 24-годишен максимум, над 85 отсто во октомври, пред да падне на речиси 50 отсто во март. Кризата за трошоците на животот потоа ги погоди турските домаќинства и ги стопи заработката и заштедите.

„И понатаму ќе ги унапредуваме инвестициите со структура заснована на слободна пазарна економија интегрирана со светот“, се наведува во манифестот на владејачката партија.

Со манифестот се настојува да се постигне годишен раст од 5,5 отсто од 2024 до 2028 година или БДП од 1,5 милијарди долари до крајот на 2028 година.

На претседателските избори во мај со Ердоган ќе се натпреварува кандидатот на опозицискиот сојуз Кемал Киличдароглу. Во последното истражување на јавното мислење спроведено од Метропол, 42,6 отсто од испитаниците посочиле дека во првиот круг ќе гласаат за Киличдароглу и 41,1 отсто за Ердоган, додека другите двајца претседателски кандидати ќе добијат поддршка од само 7,2 отсто.

Гласачите во мај ќе избираат и парламентарни претставници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ