вторник, 15 октомври 2024

Ердоган: Загрижува тоа што ОН не можат да го заштитат ни својот персонал од израелските напади во Либан

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека е загрижен за меѓународниот систем бидејќи Обединетите нации не можат да го заштитат ни својот персонал од израелските напади во Либан, повикувајќи го Советот за безбедност да дејствува против Тел Авив.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган на седницата на кабинетот во Анкара кажа дека имиџот на Обединетите нации кои не можат да го заштитат ни сопствениот персонал е нарушен, и додаде дека тоа е срамно и загрижувачко за меѓународниот систем, пренесува ТРТ Балкан.

Тој истакна дека Советот за безбедност на ОН само ги набљудува израелските „разбојништва против мировните сили на ОН во Либан“, нарекувајќи го тоа импотенција.

„Искрено и ние се прашуваме што Советот за безбедност на Обединетите нации чека за да го сопре Израел“, кажа Ердоган.

Тој кажа дека Израел нема да ги сопре своите напади сè додека има безусловна поддршка од Соединетите Американски Држави.

Мировните сили на ОН во Либан (УБФИЛ) соопштија дека израелски тенкови ја пробиле капијата за да влезат во база на мировните сили на либанската страна на границата, откако претходниот ден го блокирале нивното движење, што претставува флагрантно кршење на меѓународното право и Резолуцијата на Советот за безбедност 1701. УНФИЛ соопшти во саботата дека се повредени пет припадници на мировните сили во Либан и ги обвини израелските сили дека „повеќе пати“ и „намерно“ ги гаѓале нивните позиции.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да ги повлечат трупите од областа во која Израел ги напаѓа позициите на либанската паравојска Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ