Како што се наведува, целта на посетата е поправање на напнатите односи на двете членки на НАТО пактот, но и подобрување на врските на Анкара со западните сојузници.
Ова ќе биде трета средба на лидерите од јули, на која се очекува да разговараат за економијата, здравството, образованието, земјоделството, миграцијата и туризмот, пренесува Ројтерс.
Претседателката Сакеларопулу му порача на Ердоган дека Грција и Турција „треба да работат заедно на зачувување на мирот и добрососедските односи во корист на нашите народи“.
Кога е туризмот во прашање, Грција доби одобрување од Европската Унија повторно да им овозможи на турските државјани да се пријават за седумдневна туристичка виза за 10 острови во близина на турскиот бег што, како што се претпоставува, ќе биде најавено по посетата како гест на добра волја.
Грција сака да им помогне на желбите на Анкара на турските државјани да им се олесни влезот во Европската Унија.
„Не постои проблем кој не можеме да го решиме преку дијалог под услов на обострана добра волја“, кажа Ердоган за Катимерини.
И покрај изразите на добра волја, се очекува мал напредок околу долгогодишните проблеми меѓу двете земји, особено околу поморската граница и ресурсите во Егејското Море и источниот Медитеран, како и етнички поделениот Кипар.