сабота, 27 јули 2024

Ердоган со Зеленски: Украина заслужува да влезе во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган го пречека Зеленски со свечена церемонија во вилата Вахдетин во Истанбул, а по билатералната и меѓуделегациската средба беше одржана и заедничка прес-конференција.

Ердоган рече дека Турција е земјата што вложила најинтензивни напори да ѝ се стави крај на руско-украинската војна преку преговори засновани на меѓународното право, пренесува Анадолија.

„Ќе обезбедиме секаква поддршка за Украина да застане на нозе“, рече Ердоган, додавајќи: „Без сомнение, Украина го заслужува членството во НАТО“.

Ердоган, исто така, рече дека се надева дека ќе се продолжи црноморскиот договор за жито, кој истекува на 17 јули.

„Ние правиме напори за продолжување на црноморскиот договор за жито“, рече Ердоган, истакнувајќи дека на состанокот се разговарало за 12 турски брода заглавени во украинските пристаништа.

Турскиот претседател зборуваше и за темата за размена на затвореници.

„Слушнавме од претседателот (Зеленски) за размена на затвореници. Во преговори сме и со руската страна. Следниот месец господинот Путин ќе ја посети и Турција, ќе имаме можност повторно да разговараме лице в лице“, рече Ердоган.

Зеленски, пак, рече дека дошол во Истанбул за да им се заблагодари на сите што сакаат мир за неговата земја и народ.

„Благодарен сум за непоколебливата поддршка на Турција за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, рече Зеленски. „Украина сака да спроведе мировен план, а Турција е подготвена да го преземе водството на тој план.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ