сабота, 27 јули 2024

Ердоган со денови се чувствуваше лошо, денеска се појави во јавноста (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Доцна во вторникот, Ердоган мораше накратко да го прекине телевизиското интервју во живо, откако претрпе, како што подоцна рече, стомачни тегоби.

Ердоган (69) подоцна се врати да го заврши интервјуто, во кое рече дека интензивната изборна кампања му задала некои „сериозни“ стомачни проблеми.

Поради стомачниот вирус, Ердоган ги одложи предизборните говори во три покраини во централна Анадолија во средата, две недели пред претседателските избори на 14 мај.

По четиридневно отсуство, турскиот претседател се појави на аеронаутичкиот саем „Текнофест“ на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул, каде турската воена индустрија изложи дронови и авиони.

 

 

Според официјалната програма, Ердоган подоцна ќе учествува на изборен собир во Измир, на западниот брег. Тој во недела ја продолжува изборната кампања во Анкара.

Парламентарните и претседателските избори на 14 мај се сметаат за најтешкиот тест за 20-годишното владеење на Ердоган.

Обединетиот опозициски блок се обидува да го собори од власт во услови на сериозна економска криза и растечко незадоволство поради милионите бегалци во земјата.

Заедничкиот опозициски претседателски кандидат Кемал Киличдароглу во средата му посака на Ердоган брзо закрепнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ