четврток, 26 декември 2024

Ердоган против Шведска и Финска во НАТО: Додека сум јас претседател на Турција…

Објавено на

часот

Сподели

Турција се спротивстави на влезот на Шведска и Финска во НАТО, одложувајќи го договорот што треба да овозможи негово историско проширување, во време кога блокот се соочува со руска инвазија на Украина.

Последните изјави на Ердоган сугерираат дека тој не го променил ставот.

„Се додека Таип Ердоган е на чело на Република Турција, дефинитивно не можеме да им кажеме „да“ на земјите кои влегуваат во НАТО, а го поддржуваат тероризмот“, им рече тој на новинарите во саботата по враќањето од патувањето во Азербејџан.

Два извори претходно за Ројтерс изјавија дека разговорите во средата незначително напредувале и дека сè уште не се знае кога ќе продолжат. Плановите за проширување на алијансата мора да бидат одобрени од сите 30 членки на НАТО.

Турција ги оспори официјалните барања на Шведска и Финска да се приклучат кон НАТО, тврдејќи дека двете земји кријат луѓе поврзани со милитантните групи како што е Курдистанската работничка партија (ПКК) и други што ги смета за терористички, но и затоа што го прекинале извозот на оружје во Анкара во 2019 година.

„Тие не се ниту чесни, ниту искрени. Не можеме да ја повториме грешката од минатото, кога станува збор за земји кои прифаќаат и хранат такви терористи во НАТО, а знаеме дека се работи за безбедносна организација“, рече турскиот претседател.

Шведска и Финска јавно кажаа дека го осудуваат тероризмот и ја поздравија можноста за соработка со Анкара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ