петок, 18 октомври 2024

Ердоган претрпе тежок пораз на изборите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рано утринава соопшти дека неговата владејачка партија не го постигнала посакуваниот резултат на вчерашните локални избори, додавајќи дека ќе спроведе самокритика и ќе се позанимава со недостатоците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Турците вчера ги казнија Ердоган и неговата партија на локалните избори низ целата земја, со што ги уништија надежите на претседателот за повторно заземање на општините во Истанбул и Анкара, кои опозицијата ги освои во 2019 година.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Анкара, Ердоган рече дека изборите не се крај, туку пресвртница за неговиот сојуз, додавајќи дека изборниот циклус, кој датира од минатиот мај и ја исцрпе турската економија, сега е завршен.

Актуелните опозициски градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа на локалните избори во неделата, што значи дека партијата на турскиот претседател загуби во двата најголеми града во земјата.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на најголемата турска опозициска партија ЦХП, прогласи победа, велејќи дека води со повеќе од еден милион гласови по изброените 96 отсто од гласачките ливчиња.

Градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, исто така од партијата ЦХП, прогласи победа во тој град. „Изборите завршија, ние продолжуваме да им служиме на Анкара и нејзините шест милиони жители без дискриминација“, вети тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ