сабота, 27 јули 2024

Ердоган: Повеќе од 1.000 членови на Хамас се хоспитализирани во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека повеќе од 1.000 членови на Хамас моментално се хоспитализирани во Турција, потврдувајќи дека тој не ја смета палестинската исламистичка организација за терористичка.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Толку многу членови на Хамас беа убиени. Целиот Запад ги напаѓа со секакви видови оружје и муниција“, изјави турскиот лидер пред новинарите и повтори дека Хамас е организација на отпорот, пренесува Франс прес.

Ердоган по разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Анкара изјави дека му е жал што Грција го смета Хамас за терористичка организација.

Хамас има канцеларија во Турција откако земјата помогна да се обезбеди договор за ослободување на киднапираниот израелски војник Гилад Шалит по пет години заробеништво во замена за повеќе од 1.000 Палестинци од израелските затвори, објавија израелските медиуми.

Таа организација, која меѓу другите земји има поддршка од Иран, Израел, САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Европската Унија, се смета за терористичка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ