сабота, 27 јули 2024

Ердоган: Песна на Евровизија е срамно натпреварување, го загрозува традиционалното семејство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини манифестацијата Избор на песна на Евровизија дека поттикнува „родова неутрализација“ и дека го загрозува традиционалното семејство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во говорот по владиниот состанок, Ердоган ги опиша учесниците на Евровизија како „тројански коњи за расипување на општеството“ и рече дека неговата влада била во право што уште од 2012 година ја држи Турција подалеку од паневропскиот поп-натпревар.

Тоа беше очигледна референца за швајцарскиот пејач Немо, кој победи на годинешнава Евровизија со „The Code“, оперска поп-рап ода за неговото патување кон прифаќање на неговиот неродов идентитет. Со тоа Немо (24) стана првиот небинарен победник на овој натпревар, кој ЛГБТ-заедницата долго време го гледа како свое безбедно засолниште.

„Стана невозможно да се сретне нормален човек на такви настани“, рече Ердоган, чија владејачка Партија на правдата и развојот има корени во турското исламско движење и чија влада стана помалку толерантна кон правата на ЛГБТ во последниве години.

Според него, Евровизија е „срамно натпреварување“ и сега се гледа дека одлуката на Турција да не учествува на него била „правилна“.

Ердоган оцени и дека сериозниот пад на наталитетот во Турција претставува „егзистенцијална закана“ и „катастрофа“ за земјата.

Најновите статистички истражувања покажуваат дека една жена во Турција во просек има 1,5 деца.

Турскиот лидер одамна ги повикува семејствата да имаат најмалку три деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ