сабота, 27 јули 2024

Ердоган: Неопходно е да се формира независна палестинска држава со главен град Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека решението засновано на формирање на две држави Израел и Палестина е единствениот начин да се постигне регионален мир.

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи во Истанбул, тој додаде дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за да постигне деескалација на конфликтот меѓу израелските и палестинските сили.

Ердоган рече дека израелско-палестинскиот конфликт е во основата на сите проблеми на Блискиот Исток и ги повика двете страни да избегнуваат чекори што ќе го влошат конфликтот.

Тој додаде дека сега е неопходно да се формира независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.

„Се додека овој проблем не се реши на фер начин, нашиот регион ќе продолжи да живее во копнеж за мир“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

„Траен регионален мир ќе биде возможен само со изнаоѓање конечно решение за палестинско-израелското прашање. Во овој поглед, како што секогаш нагласувавме, зачувувањето на перспективата за решение со две држави е многу важно“.

Тој додаде дека формирањето на независна палестинска држава, во согласност со границите утврдени во 1967 година, со нејзиниот територијален интегритет недопрен, а со Ерусалим како главен град сега е „нужност што не може да се одложи“.

„Бидејќи правдата е задоцнета, за жал цената ја плаќаат Палестинците, Израелците и целиот наш регион“, рече Ердоган.

Анкара се труди да ги поправи врските со Израел по долгогодишната огорченост околу статусот на Ерусалим и израелско-палестинскиот конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ