понеделник, 20 мај 2024

Ердоган: Нарушена е довербата во европските вредности поради политиката кон Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод Денот на Европа ја изрази својата загриженост поради нарушената доверба во европските вредности, особено како резултат на политиката кон војната во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ердоган рече дека Денот на Европа не само што го симболизира почетокот на политичкото и економското единство на Европа, туку оддава и почит на кулминацијата на важните колективни напори за мир и стабилност во изминатите децении, јавува агенцијата Анадолија.

„Сепак, бројните предизвици како што се војните, терористичките напади, нерегуларната миграција и климатските промени, како на глобално ниво, така и во нашиот близок регион, го загрозуваат поредокот на европскиот континент“, рече Ердоган.

Тој додаде дека дискриминацијата и злосторствата од омраза против турската заедница во Европа стануваат се почести.

„Ескалацијата на исламофобијата, ксенофобијата и расизмот низ целиот континент се меѓу најголемите проблеми и за нашиот народ што живее во Европа и за имигрантите“, рече турскиот претседател.

Ердоган посочи дека политиката на одредени европски институции и држави за време на кризата во Газа ја поткопа довербата во европските вредности.

„Додека кризите, конфликтите и војните што ја погодуваат Европа и нашиот заеднички географски регион остануваат нерешени, преиспитувањето на овие вредности ќе продолжи да расте“, додаде тој.

Тој ја повика Европа да даде приоритет на инклузивни, кооперативни и правични политики.

„Би сакал да ја повторам нашата подготвеност да работиме заедно за попросперитетна, кохезивна и отворена Европа каде што нашата земја може да го заземе местото што ѝ припаѓа“, рече Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ