Тој ја истакна „апсолутната неопходност“ на имање исламска земја со право на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации. Турскиот претседател за ова неколку пати зборува во изминатите години во рамки на својата иницијатива „Светот е поголем од пет“, што се однесува на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН со ексклузивно право на вето.
„Да се има исламска земја со право на вето во Советот за безбедност на ОН повеќе не е само потреба, туку е императив“, оцени тој. Додаде дека безбедноста на Европа е незамислива без Турција.
„Турција својот процес за зачленување во Европската Унија го гледа како стратегиски приоритет, бидејќи е нераздвоен дел од Европа“, наведе Ердоган во обраќањето до странските амбасадори во главниот град на Анкара.
„За Европа станува невозможно да продолжи како глобален играч, без Турција да го заземе своето вистинско место“, додаде Ердоган.
Тој се осврна и на ситуацијата на Блискиот Исток. „Израел нема да најде мир кој го бара без формирање независна палестинска држава со територијален интегритет заснован на границите од 1967 година“, оцени тој.
Ердоган ги коментираше и напорите за политичка транзиција и обнова на од војната разурнатата Сирија.
„Оние кои сакаат да ја искористат нестабилноста на Сирија со провоцирање етничка и верска припадност треба да знаат дека нема да можат да ги постигнат своите цели“, кажа Ердоган и истакна дека сите треба да знаат дека во Турција и „нејзиниот регион“ нема да има место за тероризам.