понеделник, 21 октомври 2024

Ердоган: Ќе изградиме сопствен систем за противвоздушна одбрана Челична купола

Турција ќе реализира сопствен проект на систем за противвоздушна одбрана Челична купола, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се надеваме дека ќе го реализираме нашиот проект Челична купола со сите негови компоненти. Ако Израел има Железна купола, тогаш ние ќе имаме Челична купола“, рече Ердоган во говорот за време на церемонијата на доделување дипломи во Воената академија на воздухопловните сили.

Ердоган, како што пренесува Анадолу Балкан, особено го нагласи напредокот што го постигна Турција во областа на производството на беспилотни летала.

„Замавот што го постигнавме во секторот на беспилотни летала со завист го следат не само нашите пријателски и братски нации, туку и целиот свет“, рече тој.

Ердоган ја повтори посветеноста на Анкара за понатамошно зајакнување на воените капацитети на Турција.

„Работиме на производство, развој или набавка на сè што бараат нашите воздухопловни сили, од проектили до системи за противвоздушна одбрана“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Турција е особено посветена на производството во одбранбената индустрија.

„Настаните во нашиот регион нè потсетуваат на важноста на чекорите што ги направивме во полето на одбранбената индустрија во последните 22 години“, рече турскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ