„Историјата никогаш нема да им прости на оние што му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили“, рече Ердоган, обраќајќи се на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара.
Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „заблуда за ветената земја“ на крај ќе доведе до големо разочарување.
Тој, исто така, повика на засилен регионален дијалог.
„Со оглед на атмосферата во нашиот регион, сметаме дека треба да разговараме повеќе. Ни треба помирување“, рече турскиот претседател.
Ердоган зборуваше и за поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина.
„Господ да им се смилува на загинатите во поплавите во Босна и Херцеговина, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа Бошњаци. На најдобар можен начин ќе ја заштитиме довербата што ми ја даде покојниот Алија (Изетбеговиќ) пред неговата смрт, држејќи ме за рака во болничката соба“, рече Ердоган.