сабота, 27 јули 2024

Ердоган го спореди Нетанјаху со Милошевиќ, Караџиќ и Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска вети дека Турција ќе стори „сѐ што е можно“ за да ги повика „варварската“ влада и Бенјамин Нетанјаху на одговорност, споредувајќи го израелскиот премиер со Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Адолф Хитлер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Турција ќе стори сѐ што е можно за да ги повика на одговорност овие варвари и овие убијци што немаат никаква врска со човечноста“, рече Ердоган за израелскиот напад врз градот Рафа во Појасот Газа, кој започна минатиот викенд.

Тој додаде дека „масакрот, еден ден по апелот на Меѓународниот суд на правдата да запрат нападите, уште еднаш го покажа суровото и предавничко лице на терористичката држава“.

„Исто како Хитлер, Милошевиќ, Караџиќ и другите фараони на историјата што предизвикуваат восхит, тие нема да можат да избегаат од проклетството“, рече Ердоган.

Палестинските власти и Хамас го обвинија Израел дека извршил „масакр“ со гаѓање центар за раселени луѓе во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, каде што загинаа најмалку 40 лица, а 64 се ранети. Израелската армија соопшти дека целта биле терористи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ