четврток, 23 мај 2024

Ердоган го спореди Нетанјаху со Хитлер: Тој и неговите соучесници нема да избегаат од одговорноста

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го спореди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, порачувајќи дека ни тој ни неговите соучесници нема да избегаат од одговорност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По враќањето од Багдад во разговор со новинарите Ердоган кажа дека Турција прави сè што е во нејзина моќ да ѝ помогне на Газа.

„Ние сме како нокт и месо со нашите палестински браќа. Ним им се нанесува болка и никој не смее да мисли дека мирно спиеме. Ќе продолжиме да ја откриваме вистината и да зборуваме за убиствата на Израел. Нетанјаху е Хитлер на ова време и тој и неговите помагачи нема да избегаат од одговорноста и правдата“, кажа Ердоган.

Додаде и дека заземањето на Газа од страна на Израел би отворило врата за нови окупации, а населувањето на Израелците би го направило Израел уште поагресивен, пренесува Анадолу.

„Ако исламскиот свет не се разбуди од треперењето предизвикано од масакрите во Газа кои се всушност геноцид, му се заканува опасност целосно да ги изгуби своите рефлекси“, предупреди Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ