сабота, 27 јули 2024

Ердоган го предупреди Бајден за регионалните и глобалните последици од конфликтот меѓу Израел и Хамас

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди својот американски колега Џо Бајден за „негативните регионални и глобални последици“ од конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше првиот разговор меѓу двајцата лидери од 7 октомври и почетокот на израелските напади во Појасот Газа, кои следеа по нападот на Хамас на израелска територија.

„Претседателот Ердоган рече дека зајакнувањето и продолжувањето на израелските напади може да има негативни регионални и глобални последици“, соопшти турското претседателство по нивниот телефонски разговор.

Ердоган рече дека повлекувањето на безусловната американска поддршка за Израел може да гарантира побрз прекин на огнот, се вели во соопштението.

Турскиот претседател додаде дека САД имаат „историска одговорност да обезбедат траен мир во регионот што е можно поскоро“.

Ердоган е традиционален сојузник на Палестинците и постојано остро ги осудува воените операции на Израел во Газа и безусловната поддршка на Америка за Израел, која тој ја нарекува „терористичка и геноцидна држава“, според Франс прес.

Во израелските напади врз Газа загинале најмалку 18.000 лица, според Хамас. Израел вети дека ќе го уништи исламистичкото палестинско движење, по нивниот упад на израелска територија на 7 октомври, кога беа убиени 1.200 Израелци и беа земени 240 заложници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ