недела, 20 октомври 2024

Ердоган ги нападна европските лидери: Сите го бранат Израел, а Газа доживува злосторства како тие во крстоносните војни и Втората светска војна

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел ги користи сите современи средства за војување, вклучувајќи закани со фрлање атомски бомби на жени, деца и старци, додека западните лидери се колебаат да го кажат изразот „прекин на огнот“, оценувајќи дека европските лидери „ги фаќа срам поради холокаустот“.

Објавено на

часот

Сподели

„Срам поради холокаустот ги зафати европските лидери. Не само функционерите, туку и западните интелектуалци, новинарските организации и организациите за човекови права настојуваат да го оправдаат Израел. Израелската администрација исто така го користи холокаустот како штит за нападите кои претставуваат геноцид врз Палестинците“, кажа Ердоган.

Тој предупреди дека Израел се обидува да го скрши отпорот на жителите на Газа со намерно бомбардирање болници во опколената енклава.

„На Израел и на неговите поддржувачи кои ги користат сите модерни воени средства против деца, жени, старци ќе им се суди во совеста на човештвото“, кажа турскиот лидер и додаде дека од почетокот на конфликтот во Газа палестинската енклава „доживеа злосторства и суровост слични на оние во средновековните крстоносни војни и Втората светска војна“.

Ердоган кажа дека Турција е „единствената земја која Израел не може да ја нарече антисемитска“.

„Не можете да видите таква срамна дамка во минатото на Турција. Ако не реагираме на она што се случува во Газа, нема да можеме да спречиме окупаторскиот фанатизам утре да дојде до нашите земји“, порача тој.

Ердоган повтори дека го поддржува народот на Газа кој се бори да преживее „под неморалните и гнасни“ напади на Израел и додаде дека во Египет се испратени околу 800 тони хуманитарна помош од Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ