сабота, 27 јули 2024

Ердоган ги критикува САД и Велика Британија затоа што го претворија Црвеното Море во море од крв

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот ги осуди воздушните напади на САД и Велика Британија врз бунтовниците Хути во Јемен, велејќи дека нападот го претвори Црвеното Море во „море од крв“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, не се пропорционални. Тие претставуваат непропорционална употреба на сила“, изјави Ердоган пред новинарите по петочната молитва во Истанбул.

„Како да се стремат да го претворат Црвеното Море во море од крв“.

Нападите на САД и Велика Британија дојдоа како одговор на нападите на Хутите врз бродови кои патуваат во Црвеното Море, а за кои тие сметаат дека се поврзани со Израел.

Ердоган рече дека неговата влада добила вести од различни канали дека Хутите спроведуваат „успешна одбрана и дале успешни одговори и на САД и на Британија“.

Зборувајќи за случајот за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), тој рече дека има доверба во Судот и додаде дека Турција придонела за документирање на злосторствата на Израел.

„Сериозно се работи на сите документи што ги дадовме во Хаг и ќе продолжиме да ги обезбедуваме овие документи… Верувам дека Израел ќе биде прогласен за виновен“, рече тој.

„Нетанјаху нема веќе дупка во која ќе се скрие, нема средства за одбрана“, додаде Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ