сабота, 27 јули 2024

Ердоган до папата Франциско: Човештвото да не дозволи натамошно кршење на хуманитарното право во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во писмо до поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, изјави дека човештвото повеќе не треба да дозволува кршење на меѓународното и хуманитарното право во Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото за Палестина, Ердоган го изразува своето задоволство од постепеното забрзување на односите меѓу Турција и Ватикан, тој наведува дека Анкара, со мотото на хуманитарна дипломатија, го поддржува територијалниот интегритет на Украина од 2014 година, кога се случи нелегалната анексија на Крим и дека таа беше и продолжува да биде на чело во одбраната на правото на живот и праведната борба на невините палестински цивили, пренесува агенцијата Анадолија.

„Човештвото, свесно дека убивањето е забрането од сите религии, повеќе не треба да дозволува кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право во Газа. Треба да го кренеме гласот против намерното бомбардирање на болници, училишта, џамии и цркви, кои не треба да се допираат дури ни во војна. Не е можно да се воспостави траен мир и стабилност на Блискиот Исток без праведно решение на палестинско-израелското прашање“, изјави тој и додаде дека независна, суверена и географски интегрирана палестинска држава, со главен град источен Ерусалим, треба да го заземе своето место во глобалниот систем како рамноправна членка на меѓународната заедница.

Тој посочи дека Турција стана втора земја која обезбедува најголема помош за Газа со близу 45.000 тони хуманитарни материјали испратени од 7 октомври и дека продолжуваат да лекуваат 429 пациенти и повредени од Газа.

Ердоган спомна и примери на анти-исламизам, расизам и ксенофобија.

„На нашиот свет му треба инклузивна и рационална политика, како и актери кои можат да воспостават дијалог со сите страни во сите околности. Потребно ни е повеќе од кога било досега во историјата. Во рамките на ова разбирање, ние сме решени понатаму да го развиваме нашиот дијалог и соработка со Ватикан со цел ширење на културата на мирен соживот и меѓусебно разбирање, заснована на нашите заеднички човечки вредности и нашата цел да му служиме на светскиот мир“, рече Ердоган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ