„Напредокот во врска со продажбата на Ф-16 беше главната тема на телефонскиот разговор (со Бајден) во четвртокот. Американскиот претседател рече дека има позитивен пристап кон ова прашање и е подготвен да поднесе различни предлози до Конгресот за ова“, рече Ердоган во Истанбул.
Турскиот претседател додаде дека во разговорот со Бајден нагласил дека САД мора да интервенираат за да ги прекинат борбите во Газа, тврдејќи дека во таа енклава се извршени злосторства против човештвото, пренесува Ројтерс.