среда, 30 октомври 2024

Ердоган: Ако тие имаат Железна купола, ние ќе имаме Челична купола (ВИДЕО)

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција има намера наскоро да има свој повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана, Челична купола, и додаде дека Анкара, исто така, ќе ги зголеми своите ракетни капацитети со долг дострел.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Членката на НАТО во последниве години значително ја намали својата зависност од надворешни добавувачи на одбранбена опрема. Таа стана водечки производител на вооружени дронови за глобалниот пазар и произведува голем дел оружје за свои потреби.

Говорејќи на церемонијата по повод инаугурацијата на хеликоптерот Гекбеј за жандармеријата во седиштето на Турската воздушна индустрија (ТУСАС) во Анкара, која беше цел на смртоносен напад од курдските милитанти минатата недела, Ердоган ја спореди Челичната купола со познатата израелска Железна купола.

„Сега многу подобро се разбира колку нашите повеќеслојни системи за противвоздушна одбрана се од витално значење за безбедноста. Ако тие (Израел) имаат Железна купола, ние ќе имаме Челична купола. Нема да ги гледаме и да кажеме „зошто го немаме ова“, нагласи Ердоган, но не прецизираше конкретна временска рамка.

„Ќе го зголемиме и капацитетот на ракетите со долг дострел“, додаде тој, нагласувајќи дека Турција „нема да запре“ додека не постигне целосна независност во одбранбената индустрија.

Израелскиот систем за воздушна одбрана Железна купола е изграден за пресретнување ракети. Стана оперативен во 2011 година. Системот одредува дали проектилот е на пат да погоди населено место, а ако не, проектилот се игнорира и се дозволува да слета безопасно.

Соединетите Држави воведоа санкции за турската одбранбена индустрија во декември 2020 година поради употребата на Турција на рускиот систем за противракетна одбрана С-400. Тие, исто така, ја исфрлија Анкара од програмата за невидливи борбени авиони Ф-35, во која беше производител и купувач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ