петок, 18 октомври 2024
И покрај одлуката на КСЗД да се воздржи од настапи

Епископот Стобиски и денеска со јавно обраќање, Маргини не отстапуваат од барањето за извинување

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да ја изговориме и исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството и да ја одбраниме слободата која што не ни е дадена туку така, но за неа, не некој друг туку Христос, има платено скапа цена“, вели во денешното обраќање Викарниот епископ господин Јаков Стобиски.

Коалицијата Маргини вчера објави дека по нивна претставка КСЗД утврди дека епископот Јаков Стобиски извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

„Водејќи се од наодите на претставките, како и произнесениот одговор на Јаков Стобиски по однос на нив, Комисијата увиде исполнување на дефиницијата на вознемирување содржана во Законот за спречување и заштита од дискриминација. Тие константираа дека „преку своите јавни настапи изминатиот период, Јаков Стобиски изразил мислења, ставови и идеи кои се понижувачки, навредливи и деградирачки кон трансродовите лица и кои ја охрабруваат дискриминацијата и омразата кон ЛГБТИ луѓето. Тој го искажал својот став кон трансродовите лица преку стереотипи, опишувајќи ги како лица кои страдаат од ментално растројство, нагласувајќи ја на тој начин стереотипната и штетна слика за нив и нивната позиција во општеството“, смета КСЗД.

Од Комисијата му препорача,а Маргини побара од епископот јавно да се извини за говорот при неговите јавни настапи „со кои е извршено вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и тоа во рок од 30 дена од приемот на мислењето на КСЗД“. Во спротивно, Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред наслежен суд за прекршоци.

МПЦ-ОА утре организира народен собир пред Соброниот храм Св. Климент Охридски во Скопје на кој ќе го искажат револтот против предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ