„На 14 јануари ние ја одјавиме епидемијата на голема кашлица која во Куманово беше прогласена во март, лани. Првиот случај на ниво на Центарот беше на 6 февруари, а последниот случај беше на 19 ноември 2024 година, така што веќе оваа година епидемијата беше одјавена со вкупно 107 случаи на кашлица, од кои претежно беа деца на возраст до 14 години. Сите беа лабораториски потврдени случаи, од нив 19 беа хоспитализирани, останатите беа на домашно лекување“, изјави д-р Јадранка Стаменковска од ЦЈЗ Куманово.
Превентивните тимови од Здравствениот дом Куманово дале 6.900 вакцини. Здравствените институции, изминатиов период ги пребаруваа нецелосно вакцинираните, правеа епидемиолошки анкети, истражувања, даваа препораки за вакцинација.
„Епидемијата фактички е завршена и ја одјавиме. Покрај за пертусис, парлелено тимовите извршија и пребарување на вакциналните картони и на децата кои не беа вакцинирани со МРП вакцина, така што и тука малку е зголемен опфатот на вакцинирани, но сè уште сме далеку од она што го очекуваме над 95 проценти да бидат вакцинирани за да имаме задоволителен колективен имунитет“, изјави Стаменковска.