сабота, 19 октомври 2024

ЕП во Белград достапно за 230 евра

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува и Арена да биде обоена во црвено-жолто

Пласманот во следната рунда ја зголеми и онака големата еуфорија за гостувањето во соседството. Низ туристичките агенции веќе се нудат пакети за гостувањето во Белград, и тоа од тури за секој поединечен меч, до блок-влезници со ноќевања.

Педесет евра чини еднодневната екскурзија, во која влегува патот и билетот за мечот со Данска, како прв дуел во новоформираната група, веќе утре од 18.15 часот и враќањето е веднаш по дуелот. Како поединечни тури постојат и поскапи аранжмани, од 4.990 денари, за тие што се подготвени да издвојат за поскапи билети, и 6.990 денари за тие што сакаат да седат во ложа.

Туристичките агенции нудат и пакет-аранжман за трите дуели со Данска, Полска и Србија плус вклучено ноќевање за четири дена во Белград со цена од 230 евра. За очекување е дека голем број навивачи што веќе го посетија Ниш во претходните седум дена да го продолжат патот и до српската престолнина во очекување Македонија да стигне до историски најдобар пласман на еден голем ракометен турнир.

Ова е прво ЕП за нашата селекција по пауза од 14 години. Македонија со еден бод е четврта на новоформираната табела, колку што има и Шведска. Србија и Германија имаат по 4 бода, Полска два, а светскиот вицепрвак Данска е без бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ