сабота, 27 јули 2024

ЕП 2012 во Србија бесплатно на YouTube

Објавено на

часот

Сподели

Евро 2012 во Србија стартува во недела со дуелот Германија – Чешка од групата Б, каде игра и Македонија, која два ипол часа подоцна се среќава со Шведска во нишката сала Чаир.

ЕХФ реши освен со преносите во живо, да работи и ТВ-клипови со цел на јавноста која нема да биде присутна во Србија, комплетно да ја доживее ракометната еуфорија и атмосфера во 15-те дена во нашето соседство. На крајот на секој ден, ЕХФ ќе објавува и рекапитулар на настаните во трање од 12 минути.

Сепак, преносите поради рестрикции со правата нема да може да ги следат сите земји, како Данска, Исланд, Хрватска, Германија, Франција, Русија, Шпанија. За Македонија не важат рестрикциите.

Официјалната страна на ЕХФ на каналот е www.youtube.com/ehfeuro

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ