сабота, 19 октомври 2024

ЕП 2012: Франција ќе „се лечи“ против Русија

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот на „триколорите“ со Русија во салата „Спенс“ во Нови Сад е само еден од четирите интересни дуели, затоа што во истата „група на смртта“, Унгарија ќе се пресмета со „црвената фурија“, инаку бронзена од ланското СП. На табелата Шпанците водат со 2 бода, пред Унгарија и Русија со по 1, а Франција е последна.

И втората група треба да донесе многу возбудувања, затоа што на програмата е соседската пресметка Хрватска – Словенија, како и дуелот на Исланд со Норвешка. Хрватите се фаворити и не би требало да имаат проблеми со Словенците, иако Словенија подготвува изненадување за „коцкестите“, а тоа го најави и со првиот дуел, кога несреќно загуби од Норвешка.

Ислан, пак, откако во финишот пропушти шанса да го изненади големиот ривал Хрватска, сега ќе се обиде против Норвешка да се врати во игра за висок пласман (сите бодови се важни за следниот круг). Тоа што ќе ги одбележи двата дуели е фактот што селекциите нема што да скријат, оти играат ист ракомет и доаѓаат од исто поднебје.

Хрватска и Норвешка имаат по 2 бода, па евентуални победи ќе им овозможат сигурен пласман во следната рунда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ