сабота, 27 јули 2024

Ентони Блинкен му рече на Јоав Галант дека САД ќе застанат со Израел против иранските закани

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со министерот за одбрана Јоав Галант, јасно стави до знаење дека Соединетите Држави ќе застанат со Израел против какви било закани од Иран, соопшти Стејт департментот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението, објавено во средата, се вели дека Блинкен и Галант, исто така, разговарале за тековните напори да се обезбеди ослободување на сите заложници што ги држи Хамас според договорот за итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Секретарот Блинкен ги поздрави неодамнешните најави на Израел за итни чекори за олеснување на влезот на хуманитарна помош во Газа, повторувајќи дека инцидентите како што е нападот на работниците во Светската централна кујна никогаш не смеат да се повторат, се вели соопштението.

Секретарот истакна дека САД очекуваат Израел брзо да ги спроведе своите обврски за хуманитарна помош и тие обврски да ги одржува со текот на времето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ